Герасимовски: На барање на граѓаните ги засилуваме контролите на нелегалните препродавачи кај Зелен пазар

– Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во соработка со ПС Центар и инспектори од Државниот пазарен инспекторат утринава спроведоа вонреден инспекциски надзор за отстранување на дивите препродавачи околу Зеленото пазарче, информираат од Општината.

Од локалната самоуправа известуваат дека граѓаните кои живеат во зградите и околината на пазарот до општината во повеќе наврати имаат поднесено жалби и барања за отстранување на препродавачите.

– Заради препродавачите, слободното движење по тротоарите е многу отежнато, а целиот простор е полн со смет и ѓубре кои тие го оставаат зад себе. Општината ќе спроведува редовни акции се до конечно отстранување и прекинување на оваа пракса, соопштуваат од општина Центар.

Оттаму велат дека покрај хаосот кој се создава, ниедна институција нема увид во стоките кои тие ги продаваат и начинот на кој тие ги продаваат.

– Овој инспекциски надзор доаѓа по барањата на граѓаните, кои и на средбите што ги имавме со нив, но и на други начини побараа од нас да се справиме со препродавачите кои очигледно им создаваат проблеми. Од дивите препродавачи се жалат и пазарџиите кои регуларно си закупуваат тезга во затворениот дел од пазарот. За да може некој да продава на јавен простор треба да си има уредна документација. Секој оној што не поседува соодветна документација е подложен на контрола и санкција. На нас жителите и нивните услови за живот ни се секогаш на прво место“, изјави градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Општината најавува дека во наредниот период ќе се спроведуваат зачестени заеднички инспекциски надзори и на други локации во Центар каде се наоѓаат нелегалните препродавачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот