Герасимовски–Исени: Заштита на правата е основа за развој на бизнисите

средба на директорот на заводот Горан Герасимовски со извршниот директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија – СКСЗМ, Дрилон Исени/ Фото: МИА

Со цел подигнување на јавната свест за заштита на правата од индустриска сопственост, експерти од Државниот завод – ДЗИС ќе ги посетуваат фирмите-членки на комората, е заклучено на денешната средба на директорот на заводот Горан Герасимовски со извршниот директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија – СКСЗМ, Дрилон Исени.

Од ДЗИС информираат дека продолжува соработка на овие две институции и посочуваат дека на оваа средба се прецизирани идните активности.

– Притоа, ќе се објаснуваат бенефитите и процедурите за заштита на трговска марка, како и другите права од индустриска сопственост. Важно е да се напомене дека заштита на правата, е основата за успешен развој на секој бизнис. Дополнително, стопанствениците ќе се информираат околу можностите за пристап и користење на меѓународните електронски бази, соопштија од ДЗИС.

Потсетуваат дека во рамки на досегашната соработка на овие две тела, одржани се работилници за заштита на правата од индустриска сопственост во повеќе градови во северо-западниот регион и посетени се 57 компании.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот