Ѓер и Ростов во женското финале на ракометната Ш

EPA-EFE/Balazs Czagany

Екипите на Ѓер и на Ростов ќе играат во финалето на женската ракометна Лига на шампионите. Бранителот на титулата, унгарскиот Ѓер со 31:22 го совлада норвешкиот Кристиасанд во првиот полуфинален дуел на фајнал фор турнирот кој се игра во Будимпешта, додека рускиот тим со 27:25 славеше над Мец.

Одличната игра во одбраната и поранешната вардарка, Амандин Лејно на голот на Ѓер, беа одлучувачки за бранителот на титулата, да обезбеди пласман во финалето. Уште на самиот старт, агресивната игра во одбраната донесе резултат, Ѓер поведе со 8:2 и по само 15 минути игра ги реши дилемите околу победникот.

До крајот на средбата, европскиот шампион, рутински ја одржуваше предноста која на крајот изнесуваше девет голови (31:22).  Најпрецизна кај Ѓер беше Братсет со осум постигнати голови, додека Амандин Лејно имаше 13 одбрани. Кај поразениот тим, Арнцерн беше најрасположена за игра со пет постигнати голови.

И на вториот натпревар, дилемите околу победникот беа решени уште во првите 30. минути. Руските ракометарки создадоа предност од седум голови (15:8) и разликата до крајот на натпреварот не се симна под два гола.
Виакхирева со седум голови беше најпрецизна кај Ростов, додека во редовите на Мец, најефикасна беше Заади со осум постигнати голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот