Георгиевски на средба со Судско-медиумскиот совет: Од суштинско значење е да обезбедме присуство на камери на седниците на Судски совет

Фото: Судско-медиумски совет

Камерите ќе бидат присутни на седниците на Судскиот совет. Претседателот на Советот, Сашко Георгиев на средба со Судско-медиумскиот совет увери дека ќе изнајдат начин со сопствени ресурси да обезбедат онлајн пренос на седниците на Советот.

Новинарите му укажале на претседателот на Советот, дека од суштинско значење е да се обезбеди присуство на камерите со цел изворно да бидат пренесувани седниците на ова тело, кое избира, унапредува и разрешува судии.

Георгиев, исто така, ветил оти навремено ќе бидат објавувани соопштенијата за јавноста од седниците и во моментов работат на ангажирање лице за односи со јавноста во Судскиот совет.

Средбата се одржа по последните случувања во Советот, кога беше одлучено снимателите да не бидат присутни на седниците.

На седницата беа присутни четири членови на Судско-медиумскиот совет, судиите Иван Џолев и Емилија Шопар и новинарите Михаела Димовска и Зоран Јаневски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот