Георгиева: Не сум фокусирана на тоа дали да се кандидирам за втор мандат

Кристалина Георгиева, директорка на ММФ / Фото: Архива на Слободен печат

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева за Ројтерс изјави дека не се „фокусирала“ на тоа дали да се кандидира за втор мандат. Нејзиниот мандат официјално завршува на есен оваа година. Таа посочува дека моментално е фокусирана на работата како извршен директор на ММФ.

„Видете, сега морам да се концентрирам на мојата работа“, изјави Кристалина Георгиева во интервју за Ројтерс, цитирана од БТА.

Истата се одржа на маргините на состанокот на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите од организацијата Г-20, што се одржува во бразилската метропола Сао Паоло.

„Отсекогаш верував дека е најдобро да се концентрираме на работата, а не на некои хипотетички опции во иднина. Затоа, дозволете ме да си ја работам мојата работа“, рече директорот на ММФ.

Кристалина Георгиева е втората жена на чело на Меѓународниот монетарен фонд и е прва претставничка на земја со пазарна економија во развој на оваа позиција, забележува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот