Географски поделен па обезглавен, загинаа тројцата најважни луѓе во Вагнер

Вагнер / Фото: WillWest News / Profimedia
Вагнер / Фото: WillWest News / Profimedia

Освен Евгениј Пригожин, во авионот кој вчера се урна, имало уште шест патници и тројца членови на екипажот. Во авионот што се урна, со Пригожин беше и Дмитриј Уткин, десната рака на Пригожин и еден од клучните луѓе во раководната структура на Вагнер.

Уткин беше резервен потполковник. До 2013 година, професионалниот војник командуваше со 700-от одделен одред за специјални сили на 2-та одделна специјална бригада на главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана стациониран во Печори, Псковската област.

Дмитри Уткин / Фото: east2west news / WillWest News / Profimedia

Што е следно за „обезглавениот Вагнер“?

Од 2014 година командувал со сопствената единица, која според неговиот повик го добила кодното име „Wagner PMC“.

Уткин бил одликуван со неколку Ордени за храброст за неговите постапки на бојното поле.

Во соборениот авион се наоѓал и Валери Чекалов, шеф на службата за безбедност во групата Вагнер.

Чекалов бил одговорен за сите движења на Пригожин, транспортната логистика и беше единствениот кој точно знаеше кога и каде се наоѓа Пригожин.

Тој стана познат во јавноста минатата година, кога повеќето западни земји, кои ја поддржуваат Украина, му воведоа санкции поради војната и поддршката за Русија.


Со загинувањето на тројцата најважни луѓе во компанијата се поставува прашањето дали судбината на оваа воена групација е запечатена, или сепак ќе продолжи некако да функционира?

И додека деталите за тоа што точно се случи и дали се работи за ликвидација или несреќа, , она што е јасно е дека паравоената Вагнер и неговите водачи беа пред сè географски поделен и потоа обезглавен.

Со оглед на тоа што истакнатата улога на Вагнер во руските воени операции во Украина значително се намали по маршот кон Москва, кој ги понижи Путин и Кремљ, се чинеше – само за момент – дека Пригожин се обидува да врати одредено влијание со операција во Африка, по наредба на Кремљ.

Фото Телеграм

Пригожин прво даде изјава дека го поддржува државниот удар во Нигер, а некои аналитичари неговите зборови ги толкуваа како потсетник дека Вагнер некогаш им служел на целите на Кремљ.

Неделава, шефот на платеничката група објави видео од непозната локација во Африка, во униформа и со пушка во рацете, сугерирајќи дека можеби добил нова задача од Кремљ и дека му се простени претходните „гревови“.

Фото Икс

Во видеото, Пригожин кој стои пред Рускиот културен центар во Нигер, вели дека регрутира нови луѓе за операции во Африка, а исто така покани инвеститори од Русија да инвестираат пари во Централноафриканската Република.

Како што шпекулира Гардијан, можно е Пригожин да летал од Африка назад во Москва на повик од Кремљ, заедно со другите водачи на Вагнер, кога неговиот авион паднал северно од главниот град.

На вчерашното загинување на Пригожин му претходеше серија на мистериозни несреќи и самоубиства на поранешни високи генерали и коаманданти на руската војска.

Фото: Твитер

Од јавноста но и со јавни разрешувања се соочија и поранешните високи воени команданти во руската армија кои наводно биле во тесна соработка со Пригожин и неговиот исцениран воен поход на Москва.

 

Фото: Mikhail Klimentyev / Russian Presidential Press and Information Office / TASS

Меѓу нив вчера се најде и генерал Суровикин, кој како елитен генерал на Путин беше сменет поради неговите тесни врски со сега починатиот водач на Вагнер Пригожин.

ВИДЕО | „Вагнеровци“ најавија одмазда: Веќе заминуваме, чекајте нѐ!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот