Генијално или застрашувачки? Електронска нараквица која ќе го следи секој чекор на лицата во карантин
Откако воведувањето на апликација се покажа како делумно успешна мерка, јужнокорејските власти размислуваат за употреба на електронски нараквици како алатка за следење на лицата во самоизолација, која би го спречила ширењето на коронавирусот, пишува The Korea Times.
Претставник од Министерството за здравје, Јун Тае-хо вчера изјави дека електронските нараквици се една од повеќето мерки на кои се размислува во потрагата по „практични и ефикасни решенија за надзор на лицата во домовите и објектите“.
Јун признава дека електронските нараквици ќе отворат многу прашања за приватноста и не даде конкретен одговор откако беше прашан колкава е веројатноста да бидат применети во борбата против ширењето на коронавирусот.
Бројот на луѓе кои се во самоизолација е во пораст откако минатата недела Јужна Кореа одлучи сите патници кои доаѓаат од странство да ги носи во 14 дневен државен карантин.
Според претставникот од Министерството за Внатрешни работи и безбедност на Јужна Кореа, Ли Бионг-чулу извести дека според послендите податоци добиени на 1 април, над 45.000 лица се во самоизолација, сметано со 38.400 лица кои неодамна пристигнале од странство. Тој вели дека се очекува бројката да порасне до 90.000 лица во самоизолација.
Лицата кои се во карантин се обврзани да преземат апликација која ги предупредува власите доколку го напуштат својот дом или државниот карантин, но апликациите стануваат бескорисни во оној момент кога лицето во самоизолација ќе го напуштат домот без паметниот телефон, или пак ќе ја исклучат опцијата која ја покажува локацијата на уредот.
Ли изјави дека јужнокорејската полиција истражува над 70 лица за кои претпоставува дека го прекршиле карантинот.
„Доколку правилата за самоизолација се прекршат, ова ги доведува властите во позиција да размислуваат за построги мерки кои би го спречиле тоа“, вели тој, алудирајќи дека се разгледува можноста за воведување на електронските нараквици.
Од неделата, тамошните власти ги заостри мерките против лицата кои ги ќе ја прекршат самоизолацијата или споделиле лажни информации за време на карантинот со казна до една година во затвор и/или паричен надомест од 10 милиони јужнокорејски вони, или 7,520 евра.