Генијалецот од Мајкрософт ја освојува НБА лигата

Лос Анџелес Клиперс е екипа која до пред неколку години беше предмет на потсмев  во НБА и во постојана сенка на вториот далеку пославен тим од „градот на ангелите“, ЛА Лејкерс.

Сепак, работите почнаа да се менуваат кога клубот го купува генијалецот од Мајкрософт, Стив Балмер и во наредната сезона е главен фаворит за титулата откако успеа да ги ангажира Каваи Ленард и Пол Џорџ.

Пред доаѓањето на Балмер, сопственик на клубот беше бизнисменот од Чикаго, Доналд Стерлинг. Тој во 1981 година ги купи клиперси кои тогаш играа во Сан Диего и вети дека навивачите ќе се гордеат со тимот, но се случи спротивното.

Во првите 11 години тимот имаше повеќе порази од победи, а во 33 години колку што ги видеше ЛА Клиперс во 22 сезони имаше најмалку 50 порази, а осум пати тимот оствари и 60 порази. Крајот на маките на навивачите дојде во 2014 година кога Стерлинг беше приморан да го продаде клубот поради расистичките коментари. Лигата му забрани до крајот на животот да не смее да извршува било каква функција во НБА.

Стерлинг клубот го продава за две милијарди долари на еден од директорите  на Мајкрософт, Стив Балмер. Балмер „тежи“ дури 41.2 милијарди долари благодарение на довербата на основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, кој во 1980 година го постави Балмер за прв менаџер на компанијата.

Тој наследи одлична екипа која беше предводена од Крис Пол и Блејк Грифин но не можеше да оствари забележителен успех во плејофот. Затоа во 2017 година, Балмер се одлучи на драстични промени со кои покажа зашто го нарекуваа генијалецот од Мајкрософт.

Го донесе легендарниот Џери Вест да биде генерален менаџер, му ги намали надлежностите на Док Риверс, го остави да биде само тренер и да се посвети на екипата, додека Лоренс Френк го повлече од местото помошник тренер и го постави за претседател на кошаркарски операции. Со овие потези ЛА Клиперс почнува да станува сериозен претендент за титулата.
Првиот потег на новата управа беше да го разменат ол стар бекот Крис Пол во Хјустон, а во текот на сезоната се откажаа и од Блејк Грифин кого го пратија во Детроит.

За Пол ги добија Патрик Беверли, Лу Вилијамс и Монтрез Харел кои се едни од најдобрите кошаркари на екипата, додека за Грифин ги добија Тобајас Херис, Бобан Марјановиќ и Ејвори Бредли кои подоцна ги разменија за неколку избори од драфтот.

Првите резултати од тие потези се видоа минатата сезона во која младиот тим на ЛА клиперс на кого пред стартот на сезоната не му предвидуваа пласман во плејфот, тие во првата рунда од разигрувањето беа елиминирани од тогаш актуелниот шампион Голден стејт вориорс со 4:2 во победи но со прикажаната игра ги освоија срцата на НБА фановите.

Ефектот од добрите потези на управата и одличните игри на кошаркарите, дојде летово кога успеаја да ги потпишат  двајца од тројцата најдобри играчи во минатата сезона, Каваи Ленард и Пол Џорџ.

Згора на тоа, Стив Балмер објави дека ќе започне со изградба на нова арена во Лос Анџелес која се очекува да биде готова во 2024 година. Тој исто така изјави дека изградбата на салата ќе ја финансира со свои пари. Балмер сака да се отсели од Стејпс центар за да излезе од сенката на ЛА Лејкерс и конечно да дојде до шампионската титула, а потезите кои ги прави се доказ дека во вистинска насока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот