Генетска верзија од новиот вирус до 6 пати позаразна за човечките клетки од изворната форма

Според досегашните сознанија, иако варијантата на вирусот која сега кружи е „позаразна“, таа може, но не не мора полесно да се пренесува меѓу луѓето.

Генетската верзија на новиот коронавирус кој предизвикува ковид-19 и која денеска доминира во светот се покажа поспособна за ги зарази човечките клетки од изворната форма која се појави во Кина, покажа новото истражување во списанието “Cell”.

Истражувањето спроведени во лабораторија укажува на тоа дека таа мутација би можела да ги олесни преносот меѓу луѓето во реалниот свет во однос на претходната варијатна, но тоа уште не е докажано.

„Мислам дека податоците покажуваат дека постои една мутација која му овозможува на вирусто подобро да се размножува и можеби ја следи поголема концентрација на вирусот“, вели во коментарот за медицинското списание “Journal of the American Medical Association” главниот американски инфектолог Ентони Фаучи кој не бил вклучен во истражувањето, пренесува АФП.

„Нема информации дали на заразенето лице му е полошо или не. Само се чини дека вирусот успешно се размножува и можеби полесно се пренесува, но тоа допрва треба да се докаже“, додаде Фаучи.

Прочитајте и...  Во светот над 62,5 милиони луѓе се инфицирани со ковид-19

Научниците од лабораторијата Лос Аламос во Ново Мексико и Универзитетот Дјук во Северна Каролина се здружија со Универзитетот Шефилд за да ги анализираат примероците кои ги објави ГИСАИД, светскиот извор на секвенци на геном.

Утврдиле дека сегашната варијанта наречена „Д614Г“ имаат мала но моќна промена во протеинскиот шилец кој се издигнува од површината на вирусот и кој вирусот го користи за пробивање и заразување на човечките клетки.

Научниците во април првите откритија ги објавија на сајтот “bioRxiv”, но тогаш се критикувани зошто не докажале дали самата мутација е одговорна за доминација на таа верзила во светот зошто тоа би можела да биде последица од други фактори или чиста случајност.

Тимот поради тоа спроведе и други експерименти.

Прочитајте и...  Изминатите 24 часа хоспитализирани 44 нови пациенти во ковид центрите во Скопје

Анализирале податоци од 999 британски пациенти хоспитализирани поради ковид-19 и забележале дека тие со таа верзија на вирусот имаат поголема концентрација на вирусни честички во организмот, но тежината на нивната болест била поинаква.

Со лабораториски експерименти покажале дека таа верзија е три до шест пати поспособна да ја зарази човечката клетка.

„Изгледа дека тој вирус е поспособен“, вели Ерика Олман Сафир, која спроведен еден од експериментите на Институтот за имунологија „Ла Џола“. Но во оваа фаза се може да се опипе како можност зошто лабораториските експерименти не се одвиваат во ислови на динамика на пандемијата во реалниот свет.

Според досегашните сознанија, иако варијантата на вирусот која сега кружи е „позаразна“, таа може, но не не мора полесно да се пренесува меѓу луѓето.

Прочитајте и...  Хрватска: Уапсен сопственик на ноќен клуб поради ширење на ковид-19

Во секој случај вирологот Нејтан Грубаг од Универзитетот Јејл кој не учествувал во истражувањата вели дека ширењето на новата генетска верзија, „со природна селекција или случајно“ значи дека таа варијанта сега е причина за пандемијата.

Тој оценува дека дури сега со истражувања треба да се утврди дали таа нова верзија ќе влијае на развојот на вакцините и лековите и истакнвуа дека не очекува дека Д614Г ќе предивика промени на мерките за ограничување на ширењето на вирусот или ќе предизвика тешка состојба кај заразените лица.

– Се работи за интересно откритие кое може да се однесува на милиони луѓе но за сега не знаеме во која мерка и на кој начин, рече вирологот Грубаг.

 

Поврзани вести

Каракачанов: Надворешни фактори не разубедуваат за ветото за Македонија

Слободен печат

Интервју со Саша Бешлиќ, економист и банкар од Шведска: Иднината на Балканот и на БиХ е во интегриран економски систем

Слободен печат

Патоказот излез од ќорсокакот со ветото?

Слободен печат

Матичните лекари од Прилеп ќе волонтираат во ковид-центарот

Курц: Со недели и месеци ќе живееме со ограничувања

Слободен печат

Наумовски: Оптимист сум дека ќе изнајдеме решение!

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian