ГАВИ: Појавата на сојот омикрон е показател на неправедната распределба на вакцините во светот

Вакцинација против коронавирусот во Франција
Вакцинација против коронавирусот во Франција / Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Меѓународната асоцијација за промоција на прифатлива и правична вакцинација во светот „Gavi Vaccine Alliance”, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот – омикрон е показател за недостатокот на вакцини во многу делови од светот.

-Сè додека голем дел од светската популација е невакцинирана, вирусот може да мутира, продолжувајќи ја пандемијата, изјави вчера во Женева првиот човек на „ГАВИ”, Сет Беркли.

-Ќе можеме да спречиме појава на варијанти само ако ги заштитиме сите во светот, не само богатите, додаде тој.

Омикрон првпат беше откриен овој месец во Јужна Африка, каде стапката на целосно вакцинирани возрасни е помала од 36 проценти.

Како споредба, во Европската унија стапката на целосно вакцинирани е 77 отсто од возрасната популација.

„ГАВИ”, партнерство на јавни и приватни донатори, се обидува да ги заштити луѓето во посиромашните земји од болести кои можат да се спречат. Оваа асоцијација, исто така, ја води меѓународната иницијатива „Ковакс” за дистрибуција на вакцините против Ковид-19 во посиромашните земји.

„Ковакс” се надеваше дека годинава низ светот ќе испорача две милијарди дози  вакцини, но досега реализира само околу четвртина од поставената цел.

СЗО новиот омикрон сој го класифицираше како „загрижувачка варијанта на вирусот”.

Омикрон е голем ризик за Европејците, суспендирани летовите од Африка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот