Гатузо не му даде шанса на Елмас, Интер го освои „Сан Паоло“! (ВИДЕО)

фото: твитер

Со 14. победа сезонава во Серија А играчите на тренерот Конте се враќаат на врвот со 45 бодови, колку што има и второпласираниот Јувентус.

Се одигра и последниот натпревар денеска од 18. коло во најсилното италијанско фудбалско првенство, на стадионот „Сан Паоло“ во Неапол, екипата на Интер славеше со 1:3 против Наполи.

Ромелу Лукаку се погрижи првите два голови за „неро-аѕурите“ да ги реализира во текот на првото полувреме.

Својот прв погодок белгискиот интернационалец го имаше од контра напад, домашната одбрана не можеше да го запре неговиот налет и шутираше прецизно, иако со помош на стативата, топката заврши во мрежата за водство во 14. минута.

Во 33. минута голманот на „наполитанците“ Мерет по вторпат мораше да ја вади топката од сопствената мрежа, не успеа до крај да го одбрани силниот удар на Лукаку. Шест минути подоцна Милик после асистенцијата на Каљехон стрелаше од петерецот за враќање на надежите дека можат домаќините да дојдат до поволен резултат.

Во второто полувреме одбраната на Наполи наместо да ја острани опасноста, само му наместија на Мартинез од непосредна близина да ја казни оваа грешка во 62. минута за конечни 1:3. Иако беше на клупата за резерви, тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо овојпат не му даде шанса за настап на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, поточно искористи само две замени.

Со 14. победа сезонава во Серија А играчите на тренерот Конте се враќаат на врвот со 45 бодови, колку што има и второпласираниот Јувентус.

„Старата дама“ во оваа рунда на домашен терен во Торино ја оправда фаворитската улога против Каљари (4:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот