Гагачовска: Загрижувачко е развивањето на болеста за кратко време од потврдувањето на вирусот

Билјана Гагачовска 

Доктор Билјана Гагачовска директор на клиничката болница во Битола во емисијата 24 анализа рече дека вчера била донесена сега веќе починатата 19 годишна девојка во многу лоша состојба. И покрај дадената терапија, за кратко време, таа не реагирала на терапијата и починала.

„Сите симптоми насочуваа на ковид инфекција, но не знам дали била претходно лекувана дома. Во моментов, утринските бројки се 134 хоспитализирани пациенти, загрижувачко е развивањето на болеста за кратко време од потврдување на вирусот, односно развивање на сериозна клиничката слика кај помладата популација, особено онаа до 50 години. За жал, повеќето од пациентите имаат потреба од кислородна поддршка и се со сериозна тешка клиничка манифестација на болеста.“ – вели доктор Гагачовска.

Вели дека има тешки состојби кои изгледале како да ќе завршат фатално, а дошло до подобрување и обратно. Тоа го прави мултисистемски вирусот во организмот. Има 46 празни места во болницата, според утринските бројки. Во текот на денот, најавени се испишувања на оздравени пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот