Гачевски: Во Тетово е -8, нека си набават дрва

фејсбук

Екипата на Вардар ќе презими на врвот во македонскиот фудбал, откако во последното коло одигра само 2:2 против шампионот Шкендија.

Вардарци есенскиот дел од полусезоната го завршија со 36 бодови, осум повеќе од денешниот ривал, Шкендија, додека Академија Пандев е трета со 27 бодови.

Капитенот на Вардар, Филип Гачевски на оригинален начин ја прокоментира есенската титула на неговиот тим.

„Иако многумина не веруваа во нас, ние верувавме од самиот почеток, веруваа нашите навивачи, нашиот стручен штаб и луѓето кои го водат клубот. Во Скопје моментално е +8 а во Тетово – 8, ќе мора да набават што повеќе дрва за зимава да не им студи. Комити и Војводи браќа засекогаш, Вардар е светост, Вардар е гордост, Вардар е Македонија“, истакна Филип Гачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот