Вардар заборави како е да се победи Шкендија, на зимска пауза оди со предност од осум бода

фото: вардар фанс

Фудбалерите на Вардар одиграа 2:2 против шампионот Шкендија, но на зимската пауза заминуваат со предност од осум бодови.
Скопските “црвено-црни“ во два наврати водеа, беа подобар тим во поголемиот дел од натпреварот, но гостинот од Тетово успеа да израмни и да ја продолжи серијата кја трае повеќе од две години на кои нема пораз во дуелите со Вардар.

Вардарци подобрата игра на стартот од натпреварот ја крунисаа во 27. минута кога Матеј Цветаноски беше соборен во шеснаесетникот на Шкендија и заслужено беше досуден пенал кој успешно го реализира Дарко Мицевски. Потоа вардар имаше уште една голема шанса но Жуниор шутираше во голманот Захов. Казната ги стигна вардарци цо 35.минута, Имери со одличен прецизен удар биеше за 1:1.

И во второто полувреме Вардар беше подобар на стартот. Во 53.минута одлична контра на Вардар, Цветаноски го проигра Али Адем кој биеше прецизно за водство. Во 65.минута Шкендија ја врати резултатската неизвесност со голот на Имери. До крајот на натпреварот, најубавата можност за гол ја имаше Шкендија но шутот на Марјан Радески заврши крај голот.

Во последното есенско коло, Ренова со неверојатен пресврт го совлада Работнички со 4:3 и го остави закован на дното на табелата. „Романтичарите“ по 60. минути имаше предност од два гола благодаение на Петковски (два) и Марковски, но Ренова предводена од Адеми, Миовски и Ремзифаик направи комплетен пресврт.

Резултати:
Вардар – Шкендија 2:2
Ренова – Работнички 4:3
Струга ТЛ – Борец 1:1
Шкупи – Македонија 2:3
Силекс – Академија Пандев 3:1

ТАБЕЛА: Вардар 36, Шкендија 28, А. Пандев 27, Силекс 27, Македонија ЃП 26, Струга ТЛ 24, Шкупи 23, Борец 20, Ренова 19, Работнички 15.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот