Фудбалскиот свет сочувствува со Луис Енрике

Семејството на Луис Енрике, вчера доживеа вистинска трагедија откако деветгодишната ќерка Хана почина од рак на коските.

„Нашата ќерка не напушти по петмесечната борба со болеста. Неизмерно ќе ни недостасува, но ќе се сеќаваме на неа до крајот на животот и се надеваме дека некаде повторно ќе се сретнеме. Ќе ни биде ѕвезда водилка на целото семејство. Мирно спиј, Ханита“, објави семејството на Енрике.

Веднаш откако беше објавена веста за смртта на Хана, почнаа да пристигнуваат пораки со сочувство но и со поддршка, а меѓу првите кои се јавија беа фудбалерите на Барселона, Лионел Меси, Жерар Пике и Луис Суарез на кои Енрике им беше тренер.

„Мое сочувство на Луис Енрике и целото негово семејство во овие тешки моменти. Со вас сме шефе, сакаме да останете силни“, порача Меси пред Инстаграм.

„Тренеру, навистина ми е жал. Почивај, Хана“, напиша Пике, а Суарез објави “Ова се многу тажни и болни моменти. Почивај во мир, Ханита. Посакувам Лучо, Елена и нивното семејство да останат силни“.

Преку социјалните мрежи со пораки за поддршка се огласија и Реал Мадрид, Атлетико Мадрид.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот