Фудбалската легенда Зидан има свој фаворит на „Ролан Гарос“

фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Зинедин Зидан, легендата на Реал Мадрид и европскиот фудбал, го гледаше финалето во Париз во Лигата на шампионите помеѓу Реал и Ливерпул.

На крајот „кралевите“ триумфираа со 1:0, што секако го израдува и Французинот кој и како играч и како тренер имаше многу успеси со мадридскиот клуб.

Исто така славниот Зизу во францускиот главен град ги следи и настаните на тенискиот грен слем турнир „Ролан Гарос“.

Доби прашање од новинарите за тоа кој е неговиот фаворит на турнирот. Тој смета дека Рафаел Надал ќе ја освои 14 титула во Париз и така се израмни со бројот на титули колку што има Реал Мадрид во фудбалската ЛШ.

– Новата генерација играчи е одлична, но јас сум сепак со постарите. Ќе продолжиме да го поддржуваме Рафаел Надал, тој е фаворит за Отвореното првенство на Франција. Тој и натаму е на турнирот, би било одлично да го освои „Ролан Гарос“. Точно е дека пристигна нова генерација, тука е Карлос Алкараз, кој најверојатно ќе го наследи Надал – рече Зидан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот