ВИДЕО: Куртоа и Винисиус му ја донесоа 14. титула европски шампион на Реал Мадрид

Реал Мадрид е нов европски шампион/ фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Фудбалерите на Реал Мадрид на најдобар начин ја завршија сезоната, триумфирајќи во финалето во Лигата на шампионите и по 14 пат го кренаа шампионскиот трофеј.

„Кралскиот клуб“ на европскиот трон се искачи со победата над Ливерпул од 1:0 и ја продолжи серијата од осум победи по ред во финалињата во ЛШ. Херој на „кралевите“ е голманот Тибо Куртоа кој имаше дури девет интервенции, додека голот вреден 14 европска титула го постигна Винисиус Жуниор во 59. минута по асистенцијата на Федерико Валверде.


Реал Мадрид стана првиот тим кој на патот до европската титула елиминирал три англиски екипи, Челси во четвртфиналето, Манчестер сити во полуфиналето и Ливерпул во финалето, откако претходно беше подобар и од ПСЖ.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти повторно тактички го надигра менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, како што го стори тоа и пред четири години во финалето што се играше во Киев.

Реал Мадрид им ја препушти иницијативата на фудбалерите на  Ливерпул и својата шанса ја бараше преку контрите и полуконтрите. Ливерпул имаше повеќе шутеви (23-4), повеќе шутеви во рамките на голот (9:1), повеќе корнери (6-2), но Реал го имаше Тибо Куртоа на голот кој имаше неколку одлични интервенции со кои ја зачува недопрена сопствената мрежа и по 14 пат го искачи Реал Мадрид на европскиот фудбалски трон.
„Кралевите“ својата шанса трпеливо ја чекаа и ја дочекаа во 59 минута кога Винисиус Жуниор го постигна голот вреден европска титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот