Фудбалерите во Премиер лигата одбиваат намалување на платите

Премиер лигата денеска одржа состанок во претставниците на екипите и со унијата на професионални фудбалери (ПФА) но не успеаја да се договорат за намалување на платите.

Од ПФА се огласија со соопштение по состанокот во кое ја образложија одлуката да одбијат намалување на платите. Во петокот на иницијатива на капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон имаше средба на сите капитени на премиерлигашките екипи на која беше договорено да се отвори фонд за помош на болниците и медицинскиот персонал.

ПФА исто така објави дека не е прифатен предлогот да им се намалат платите за да се помогне на здравствените работници, а како една од главните причини за ваквата одлука е револтот од изјавите на англискиот министер за здравство дека тие се алчни и мислат само на себе.

Од унијата на професионални фудбалери презентираа свои пресметки дека намалувањето на платите за 30 проценти ќе донесе заштеда на екипите во висина од 500 милиони фунти, но истовремено плаќањето на данокот на намалените плати ќе донесе загуби за владата од повеќе од 200 милиони фунти.


Сите фудбалери во Премиер лигата сакаат и ќе направат се за финансиски да помогнат во оваа ситуација. Сите фудбалери во целост ја разбираат улогата која им ја носи нивната позиција во заедницата. Загрижени се за сите кои имаат загуби, за сите на кои им е загрозено здравјето и егзистенцијата.
Фудбалерите сакаат да преземат чекори за финансиски да им помогнат на следните категории:
– Клубовите во кои играат бидејќи се свесни дека и на нив им е потребна помош посебно доколку кризата продолжи до јуни.
– На сите вработени во клубовите кои не се членови на првите екипи за да можат да ги добијат целосните плати.
– на екипите од пониските лиги, на нивните играчи и вработени
– на Здравствениот систем и на здравствените работници меѓу кои има многу фудбалски фанови и кои во овие моменти работат напорно за сите и кои се вистински и единствени херои.

Фудбалерите сметата дека како вработени допринесуваат во финансирањето на многу витални јавни сервиси кои се од големо значење во овие моменти. Дколку од нашите плати се одземат 30 проценти тоа ќе биде голем удар за даночниот систем, па така и на здравството и сите сервиси кои ги финансира Владата.
Предложеното намалување на платите за 30 проценти во наредните 12 месеци ќе изнесува околу 500 милиоини фунти и тоа е загуба за Владата од околу 200 милиони фунти. Каков ефект тоа ќе има на здравствениот систем и заработката во тој сектор? Дали овој податок е разгледан кога министерот за здравство Мет Хенкок побара од играчите да ги намалат платите?

Наш приоритет е да ги прецизираме деталите од договорот за начинот на кој ќе помагаме. Меѓутоа за да се дојде до колективен став на сите фудбалери од Премиер лигата од кои многумина имаат различни договори е потревно повеќе време.
ПФА се обврза да донира значајна сума на пари како свој допринос на фондот кој ќе биде отворен од фудбалерите откако сите детали ќе бидат договорени.
Нема никаков сомнеж дека капитените и фудбалерите прават се за целата работа да се заврши побрзо. Сите се свесни за својата улога и тоа што треба да го направат за да им помогнат на останатите“, стои во соопштението на Унијата на професионални фудбалери во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот