Французите по пауза од четири месеци го вратија фудбалот и веднаш се испотепаа (ВИДЕО)

EPA-EFE/YOAN VALAT

Фудбалерите на ПСЖ и на Сент Етјен играат во финалето на Купот на Франција, и тоа е првиот натпревар по пандемијата на коронавирусот, но првото полувреме повеќе личеше на војна отколку на натпревар.

EPA-EFE/YOAN VALAT

Доказ за тоа се шесте жолти картони и еден црвен до 35. минута, а се започна со бруталниот старт на капитенот на Сент Етјен, Перин над Килијан Мбапе.
Дефанзивецот на „зелените“ со две нозе влета во зглобот на Мбапе за што доби црвен картон, но веднаш се најде на мета на гневните фудбалери на ПСЖ.

Набрзо во помош му дојдоа соиграчите по што настана вистинска хаос и вистинска мешаница на теренот. На крајот стастите се смирија, а судијата тоа го реши со црвениот картон за Перин и уште шест жолти картони за највоинстените фудбалери.

На крајот триумфот му припадна на ПСЖ кој славеше со 1:0 и тоа со голот на Нејмар во 14. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот