Французите масовно се тестираат за да откријат дали биле заболени од коронавирусот

Од пред неколку дена, откако започна фазата на излегување од изолација, многумина французи се упатија во градските биолошки лаборатории за да прават тестови за откривање на тоа дали биле заболени од коронавирусот. Министерството за здравство објави список со 23 серолошки тестови за кои се смета дека се сигурни, јави дописникот на МИА.

Списокот е вистинска алатка која со нетрпение ја чекаше медицинскиот персонал, но и локалните власти кои веќе масовно нарачаа тестови.

Од триесетте испитани тестови, само дваесет и три се конечно одобрени од здравствените власти. Седум се нарекуваат Елиса, односно се вршат преку тест на крвта и може за неколку часа да се открие дали се развиле антитела. Шеснаесет се брзи тестови, со резултат за неколку минути. Цената на тестовите варира од 30 до 60 евра, а засега тие се на сметка на лицата кои сакаат да се тестираат, а тоа не им е пропишано од лекар.

Овие одобрени тестови можат да бидат пропишани од лекарите и сега ќе бидат надоместени од социјалното осигурување. Тие, исто така, ќе бидат достапни за медицински персонал од следната недела. Францускиот национален орган за здравство препорачува тие да бидат наменети за лицата кои имале симптоми во последните неколку недели и кои не биле прегледани и за лица без симптоми, но кои работат во домови за нега на стари лица или затворено сместување, како касарни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот