Францускиот авто – гигант затвора 15 илјади работни места

Околу 4.600 работни места ќе се затворат во Франција, а компанијата соопшти дека почнала разговори со синдикатот по однос на ова прашање.

„Рено“ ќе укине 15 илјади работни места низ фабриките од цел свет во рамки на планот за намалување на трошоците во износ од две милијарди евра, информира британскиот јавен сервис „Би Би Си“.

– Овој план е од есенцијално значење, изјави главната извршна директорка Клотилд Делбо, која најави и намалување на производството со цел компанијата да се фокусира на профитабилните модели на автомобили.

Околу 4.600 работни места ќе се затворат во Франција, а компанијата соопшти дека почнала разговори со синдикатот по однос на ова прашање.

Во „Рено“ се надеваат дека овој план ќе се реализира без откази, по пат на доброволни напуштања на работни позиции, со преместување на вработени внатре во компаниите како и со преквалификации.

Стратешкиот партнер на „Рено“, јапонскиот „Нисан“, вчера исто така најави големо намалување на бројот на вработени.

Од „Рено“, каде државата е 15 отсто сопственик, наведоа дека се разгледува намалување на работната сила на шест локации. Компанијата додава дека трошочите ќе ги намалуваат и по пат на редуцирање на бројот на кооперанти во областите инженеринг, намалување на бројот на компоненти кои ги користат, замрзнување на плановите за ширење во Романија и Мароко и намалување на производството ширум светот.

Во компанијата планираат до 2024 година да ги намалат глобалните производствени капацитети на 3,3 милиони возила од сегашните 4 милиони, и дека ќе се фокусираат на на производство на мали „комби“ возила и електрични автомобили.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот