Францускиот нобеловец Монтање: Коронавирусот е создаден вештачки!

epa01683807 French virologist and winner of the Nobel Prize 2008 in Physiology or Medicine Luc Montagnier pictured during a press meeting at the European Parliament on Wednesday 01 April 2009, in Brussels, Belgium. EPA/JULIEN WARNAND BELGIUM OUT

Контроверзниот француски научник, Лук Монтање, кој ја доби Нобеловата награда во 2008 година за истражување за ХИВ вирусот, вели дека е сигурен дека коронавирусот е создаден вештачки.

  • Болеста „Ковид-19“ е создадена во лабораторија во Вухан, која се специјализирала за истражување на коронавируси од минатата деценија. Научниците веројатно во него внеле РНА (Рибонуклеинска киселина е полимерна молекула неопходна во разни биолошки улоги при кодирање, декодирање, регулирање и изразување на гените) од ХИВ во потрага по вакцина против овој вирус, па така дошло до манипулација. Незнам како вирусот излегол од лабораторијата, можеби станува збор за некаков волшебник- вели Монтање во гостувањето на CNEWS.
Лук Монтање / Фото:  EPA/ALESSANDRO DI MEO

Неговите изјави покренаа многу прашина, но овие трвдења ги демантираа од Институтот „Пастер“ во Париз.

  • Нема никаква смисла да се поврзе Ковид-19 со ХИВ. Некои вируси имаат сличен генетски материјал, така што можат да бидат поврзани со други, но во овој случај, тоа нема апсолутно никаква научна основа- рече Етјен Симон-Лориер од Институтот.

Монтање веќе десет години е во судир со научната заедница. Откако ја доби Нобеловата награда, тој во 2009 година рече дека силниот имунитет е доволен за борбата против ХИВ вирусот, што го истражувал во поголемиот дел од својата кариера.

Потоа, Монтање дојде до теоријата, која ја изнесе и во јавноста, дека водата има меморија, а пред три години се спротивстави на вакцинацијата.

Јан Андерсон ја презентира Нобеловата награда за медицина за 2008 година. Најгоре (десно) е и Лук Монтање / Фото: EPA/CLAUDIO BRESCIANI SWEDEN OUT
ПРОЧИТАЈТЕ:

Лабораториска грешка или контроверзна прехрамбена навика? Што се крие зад теоријата на 
Трамп околу вмешаноста на Кина и коронавирусот?

Исповед на докторката од Вухан која го откри коронавирусот: Се започна откако во 
болницата дојде едно семејство (ВИДЕО)

Научници влегоа во трага на коронавирусот: Не потекнува од Вухан, ниту од лабораторијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот