Франција затвори 81 училиште поради коронавирусот од вкупно 60.000

epa08637262 Sanitized chairs and desks stand in a classroom at the Dusko Radovic elementary school in Belgrade, Serbia, 31 August 2020. Schools are officially opening the new school year, complying with health protocols due to the coronavirus pandemic, including a limited number of students, social distancing, and wearing protective face masks. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

 Од почетокот на школската година, само по една недела на работа на 7 септември, Министерството за образование регистрира дека 28 школски установи и 262 паралелки беа затворени заради епидемијата, јави дописникот на МИА.

А според последните бројки кои ги даде министерот за образованием Жан Мишел Бланкие, до денес се затворени осумдесет и едно училиште и нешто повеќе од 2.100 паралелки поради случаи на Ковид-19.

Бројот на затворените училишта  претставува „околу 0,13 отсто” од околу „60 000 училишта во земјата”, рече министерот.

-Ова се бројки кои се уште се многу ограничени (…) а кога имате само 0,13 отсто, сепак е добро враќањето на училиште”, „ тоа е најдоброто  можно нешто со оглед на здравствената криза”, процени Бланкие.

На 7 септември, Министерството броеше само 28  затворени училишта и 262 паралелки поради епидемијата.

Имаме околу 1.200 нови случаи на ученици заразени со Ковид во споредба со претходната недела”, детално објасни министерот, потсетувајќи дека општо е правилото, „да се затвора една паралелка ако има три регистрирани случаи со Ковид.”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот