Франција и Русија ќе ги евакуираат своите државјани од Вухан

Фото: Профимедиа

Претходно САД почнаа постапка за евакуација на своите државјани од Вухан, каде изби епидемијата на најновиот смртоносен коронавирус.

Франција планира да ги евакуира француските државјани кои останале во Кина, откако кинеската Влада реши да воведе карантин за градот Вухан по избувнувањето на коронавирусот, објавија денеска кинеските медиуми, повикувајќи се на електронско писмо од францускиот конзулат.

„Генералниот конзулат во соработка со локалните власти планира да воспостави автобуска линија што ќе им овозможи на француските државјани и нивните сопружници и деца, без разлика дали имаат кинеско или некое друго државјанство да заминат од Вухан во Чангша”, се вели во имејлот од Конзулатот.

Руската амбасада во Кина, исто така, денеска соопшти дека се во контакт со кинеските власти за евакуација на своите државјани од Вухан.

Претходно САД почнаа постапка за евакуација на своите државјани од Вухан, каде изби епидемијата на најновиот смртоносен коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот