Француското „Дуо Лесаж“ ќе настапи на „Скупи Камерфест“

Во салата на Музеј на македонската борба во Скопје, на 2 ноември, со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи седмиот концерт на фестивалот „Скупи Камерфест“, во организација на здружението „Муза“ – Скопје.

Овој концерт пред јавноста на Скопје го носи француското дуо познато како „Duo Lesage“, со Селин Лесаж на виолина и Ерик Лесаж на пијано. „Дуо Лесаж“ се познати како двајца виртуози на виолина и пијано, кои се партнери и во животот и на сцената од 1998 година.

Тие го формираат едно од најомилените дуа во регионот Окситанија. Нивната личност се огледа и во програмите што ги презентираат – од уметничка до популарна музика, од класична до модерна музика.

На програмата на концертот се дела од творештвото на композиторите Jenö Hubay, Cèsar Franck, Fritz Kreisler и Oreste De Maurizi, известија од Здружението за афирмација на музичката култура „Муза“ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот