Францускиот научен совет повика да се разгледа вакцинацијата со трета доза за сите

Вакцина /Фото: EPA-EFE/Ramon Espinosa / POOL

Во новото мислење доставено до француската Влада, Научниот совет го отвора патот за проширување на пристапот до третата доза на целата возрасна популација, почнувајќи од најстарите луѓе, јави дописникот на МИА од Париз.

Научниците се залагаат за „проширување на работата на далечина”, „повторно воведување на носење маска на одредени места”, „ограничување на собири”, дури и за зајакнување на тестовите на училиште.

Научниот совет, исто така, ја повика Владата „да размисли за третата доза за вакцинација за целото население шест месеци по примарната вакцинација” и предлага да се вклучи оваа засилена доза во здравствената пропусница за лицата на возраст од 50-64 години „со приспособена временска важност.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот