Француски министер: Ќе бидат потребни 15 или 20 години за Украина да влезе во ЕУ

Клемент Бон
Клемент Бон / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Ќе бидат потребни „најверојатно 15 или 20 години“ за Украина да се приклучи на Европската унија, изјави денеска францускиот министер за европски прашања Клемент Бон, препорачувајќи Киев во меѓувреме да се приклучи на европската политичка заедница, како што предложи претседателот Емануел Макрон.

„Човек треба да биде искрен. (…) Ако кажеме дека Украина ќе влезе во ЕУ за 6 месеци, година или две, се лажеме. Тоа не е точно. Поверојатно за 15 или 20 години, а тоа е многу долг период“, изјави Бон за Радио Ј, пренесува Хина.

„Не сакам да им се продаваат илузии и лаги на Украинците. Ако на Украинците им се каже ‘Добре дојдовте во ЕУ’, но вие не сте ги прочитале ситните букви на дното на договорот, а тоа е за 15 години, мислам ќе разочараме цела генерација Украинци. Во меѓувреме, им должиме на Украинците (…) политички проект во кој можат да влезат“, рече Бон.

Европската политичка заедница, предложена од претседателот Макрон, е „комплементарна на ЕУ“ и „може да понуди политички и конкретен проект на земјите кои не се во срцето на ЕУ и сакаат да се доближат до неа“, рече тој.

„Но, тоа не значи дека вратата е затворена, напротив, таа е отворена“, рече Бон, укажувајќи на придобивките како што се „слободното движење во Европа“ и „делумните придобивки од европскиот буџет за обнова на Украина“ или можеби заедничката енергетска политика.

Прашањето за проширувањето на ЕУ со Украина, Грузија и Молдавија создава контроверзии и несогласувања во Унијата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот