Франција ја затвори својата Амбасада во Нигер

Фото: EPA-EFE/ISSIFOU DJIBO

Франција ја затвора својата Амбасада во Нигер на неодредено време по ескалацијата на тензиите меѓу двете земји, јавува Би-Би-Си.

Амбасадата соопшти дека „повеќе не може да функционира нормално“ поради бројните ограничувања наметнати од воената хунта.

Односите меѓу Франција и Нигер се влошија откако војската ја презеде власта со соборување на демократски избраниот претседател Мохамед Базум со државен удар во јули.

Амбасадорот и неколку француски вработени ја напуштија земјата во септември, еден месец откако армијата му нареди на амбасадорот да го напушти Нигер и ја блокираше амбасадата во главниот град Нијамеј.

Амбасадата беше нападната од илјадници демонстранти веднаш по пучот, но нигериските сили ги растераа пред да упаднат во зградата.

Соопштението за затворање на амбасадата доаѓа непосредно пред денешното истекување на рокот на воената влада за заминување на француските војници.

Тие беа стационирани во земјата за да помогнат во борбата против џихадистичките групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава.

Зошто Нигер ѝ кажа збогум на Франција, но не и на САД?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот