ФОТО+ВИДЕО | Во оваа земја жените плаќаат за да плачат додека солзите им ги брише згоден маж

Фото: Unsplash

Емоционалното плачење е единствената човечка активност која многумина ја сметаат за катарзична и здрава форма на изразување емоции.

Јапонскиот претприемач Хироки Тераи дури и го инкорпорирал ова уверување во својата деловна стратегија. Тераи е основач на услугите за групно плачење кои ги поттикнуваат луѓето заедно да ги споделат тешките моменти, додека „згоден маж“ им ги брише солзите.

Оваа практика, особено популарна меѓу жените, се вели дека дополнително придонесува за намалување на нивото на стрес.

Церемонијата е важен дел од јапонската култура

„Церемонијата има исклучително важна улога во јапонската култура, без разлика дали станува збор за пиење чај, аранжирањето цвеќиња или традиционални самурајски и карате тренинзи – таа е секогаш присутна. Помага во програмирање на умот и го прави приемчив за промени“, изјавил за „Нејшнел џиографик“ (National Geographic) Дерил Томс, режисер на филмот „Crying with the Handsome Man“, кој ја истражува оваа необична практика и зошто нејзиниот основач верува дека го ублажува нивото на стрес.

Томс нагласува дека постои посебна церемонија на патот кон брачната заедница, а недостатокот на истата при разводот на бракот може да резултира со чувство на загуба и некомплетност кај многу луѓе.

Томс дошол до заклучок дека жените во многу случаи биле тие што го иницирале разводот. Со оглед на тоа што голем дел од мажите работат повеќе од 14 часа на ден, често дури и за време на викендите, паузата од работа за нив често вклучува активности како играње голф или лежење преку целиот ден како би се подготвиле за претстојната работна недела. И токму поради сето ова „услугата за плачење“ станала толку популарна меѓу жените. Иако првично била конципирана како поддршка на разведените жени, подоцна се открило дека и другите имаат корист од неа.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Зошто згоден маж? Зениците се проширени, а срцето чука забрзано

„Оваа услуга всушност ја обезбедува еуфоријата која ја чувствувате откако ќе се исплачете“, зборувал Томс. Но, зошто згоден маж? Тој раскажал дека многумина се однесуваат поинаку околу луѓето што ги привлекуваат, а одредени искуства емотивно се зголемуваат кога околу вас е некој што ви е привлечен. „Во моментот кога еден убав маж им ги брише солзите, се случуваат две работи: зениците се прошируваат и срцето чука забрзано“, открил режисерот.

„Радоста што жените ја чувствуваат откако ќе ја доживеат сеансата на плачење е навистина опиплива. Сите после тоа се насмеани, полни со ентузијазам и делуваат опуштено, дури и прилично „брбливо“.

Животот без партнер не е лесен, но има сè повеќе виртуелни врски кои водат до проблеми

За оние во западните општества, оваа практика може да изгледа прилично чудна бидејќи плачењето е најнормална работа. Но, за многумина лутината се смета за табу, а обредите на премин кон машкоста диктираат дека емоциите мора да се потиснат, па дури и да се избришат. Според претходните истражувања, Јапонците се меѓу 37-те националности кои најмалку плачат во тешки животни ситуации. За Американците, пак, се тврди токму спротивното.

„Во јапонското општество, милиони луѓе – особено жени кои успеале да изградат кариера – немаат партнер кој би им бил поддршка кога се враќаат дома, па на крајот од денот постои одредена емоционална потреба која често останува неисполнета“ изјавил Томс за „Нејшнел џиографик“.

На крајот, тој додал дека и во другите култури со сè повеќето виртуелни и помалку реални физички односи, ќе има сè поголема потреба од оваа услуга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот