Тејлор Свифт / Фото: Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Тејлор Свифт издоминира на „Ај харт рејдио“ наградите, сите зборуваат за нејзиниот бакнеж со свршеникот

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт беше апсолутна победничка на годинашните музички награди на „Ај харт рејдио“, освојувајќи дури седум признанија и дополнително зацврстувајќи го статусот како најнаградуван изведувач во историјата на оваа манифестација.

Пејачката, која се појави во придружба на својот вереник Тревис Келси, најпрво ја прими наградата за најдобар поп-албум за „The Life of a Showgirl“.

Во својот говор, таа емотивно му се заблагодари токму нему, истакнувајќи дека албумот е исполнет со радост и слобода благодарение на љубовта што ја чувствува во приватниот живот.

„Овој албум зрачи со среќа и самодоверба затоа што така се чувствувам секој ден и тоа поради мојот свршеник кој е тука вечерва“, рече Свифт.

Вечерта продолжи во знак на нејзината доминација, откако доби уште шест награди, меѓу кои за изведувач на годината, албум на годината и најдобар текст. Со тоа, нејзиниот вкупен број освоени награди на оваа церемонија достигна 41.

Она што особено ги израдува обожавателите на Свифт е фактот дека пејачката и нејзиниот свршеник не ја криеја љубовта и неколку пати разменија нежности во текот на вечерта.

@lifeofashowgirlts12 #NEWS: Taylor Swift kissing Travis Kelce after winning the Pop Album of the Year award! 🥹 #TaylorSwift #TravisKelce #trend #video ♬ original sound – Mastermind ⸆⸉ 🧡


Покрај неа, вечерта ја одбележаа и други музички ѕвезди. Мајли Сајрус ја доби наградата за иноватор, додека Џон Меленкемп беше прогласен за музичка икона. На сцената настапија и Реј, Келани, како и легендарните групи „Ти-ел-си“, „Солт-ен-Пепа“ и „Ен Вог“.

Церемонијата, која ја водеше Лудакрис, понуди богата музичка програма, а Свифт уште еднаш покажа дека нејзината кариера е на врвот, како по бројот на награди, така и по влијанието што го има врз музичката индустрија.

Тејлор Свифт и Тревис Келси наводно планираат екстравагантен меден месец низ целиот свет, од Карибите до Хрватска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот