ФОТО+ВИДЕО | Срушен светски рекорд: Повеќе од 1.400 парови се бакнуваа под имела во Вашингтон
Илјадници луѓе се собраа во центарот на градот Вашингтон бакнувајќи се под имелата најмалку пет секунди одеднаш, со што е срушен Гинисовиот рекорд за бројот на парови кои се бакнале истовремено под гранките на таа симболична зимзелена грмушка.
Препорачано
За време на настанот „Национален бакнеж под националната имела“, 1.435 парови се бакнаа пет секунди истовремено, надминувајќи го претходниот рекорд од 480 парови, објавија организаторите, пренесува „Вашингтон пост“.
View this post on Instagram
Директорот на настанот, Герен Прајс, рече дека соборувањето на рекордот има посебно значење за него, бидејќи првпат ја осмислил идејата за „националната имела“ пред повеќе од десет години, кога го планирал запросувањето на неговата сегашна сопруга.
– Со ова, му покажавме на целиот свет дека Вашингтон е град на љубовта – ѝ рекол Прајс на толпата пред заедничкиот бакнеж.
Паровите се собраа под декорацијата „Национална имела“, челична конструкција тешка околу 270 килограми и широка три метри, на висина од околу девет метри и украсена со зеленило, црвени ленти и ѕвончиња.
Неколку минути по завршувањето на настанот, официјалниот судија на Гинисовата книга, Мајкл Емприк, потврди дека рекордот е успешно соборен, што беше поздравено со аплауз и овации од публиката.


