Фото: Принтскрин

ФОТО+ВИДЕО | Шест возила во Александрија утрово оставени „на бандаж“ – некој им ги издупчил гумите

Непознат сторител вчеравечер ги дупнал гумите на шест непрописно паркирани автомобили во населбата Александрија во општина Ѓорче Петров.

Фото: Принтскрин

Жител на новата населба Александрија во Влае утрово објави видео на кое може да се забележат шест непрописно паркирани возила среде улица, сите со дупнати гуми. На видеото се гледа дека веќе на улицата има поставено метални и гумени столпчиња за да се спречи „дивото“ паркирање, но дел од жителите успеале да ги избегнат и да го паркираат својот автомобил.

-Утрово го шетам кучето и што да видам, некој нервозен комшија вчеравечер „завршил работа“, ќе има кавги – напиша човекот кој го објави видеото на социјалните мрежи.

Сопствениците на шесте возила веројатно ќе бидат изненадени кога ќе ги видат своите возила оставени „на бандаж“. бидејќи засега непознат сторител ги дупнал гумите на сите автомобили.

naselba aleksandrija
byu/Fun-Quail-7959 inmkd

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот