ФОТО+ВИДЕО | Медениот месец го замениле со пушки: Украински младенци тргнаа во борба за одбрана на татковината

Фото: Твитер/Принтскрин

Само неколку часа по нивната венчавка на првиот ден од руската инвазија, Украинците Јарина Ариева и Свјатослав Фурсин се приклучиле во борбата за одбрана на својата земја.

Двојката требало да се венча во мај, но побрзала да ја одржи церемонија во Киев минатата недела кога Русија ја започна инвазијата, за сега да се приклучат на украинскиот отпор.

Јарина и Свјатослав во камуфлажни јакни со пушки, раскажале за Си-ен-ен“ како го поминале медениот месец во градот под опсада и го зеле оружјето за да се борат против руските трупи.

– Тешко е тоа да се разбере, оваа нова реалност која ја имаме – рекла вели Јарина, која е од Киев.

Таа истакнала дека во првите денови од пролетта луѓето обично сеат сончоглед, украинскиот национален цвет, но наместо тоа се спротивставуваат на рускиот напад.

„Никој овде не вели дека ќе изгубиме, ниту плаче. Сите веруваат дека ќе победиме. Тоа е само прашање на време. Затоа сум многу среќна што гледам толку многу луѓе кои се навистина подготвени да се борат. Подготвени да убијат за својата земја. Не се сомневам во нашата победа во оваа војна“, рекла Јарина.

 

Нејзиниот сопруг, кој е роден во Лавов, истакнал дека „луѓето секогаш сакаат да бидат слободни“.

– Овие луѓе се подготвени да се борат за својата слобода – додал Свјатослав, кој е загрижен за безбедноста на сопругата, родителите и сестрата, но укажува дека „ќе направи сè за да ги заштити“.

Јарина рекла дека работи секој ден и дека е тешко да го „чека сопругот да се врати од борбените мисии“.

„Животот овде е поинаков, но е живот. Луѓето се смеат и се шегуваат. Тоа е интересно да се види. Тоа е друг вид на живот кој се промени со почетокот на војната“, истакна таа.

Јарина и Свјатослав ја повикаа меѓународната заедница да ѝ помогне на Украина со пари, храна, оружје и лекови и да ѝ наметне дополнителни санкции на Русија.

Свјатослав се надева на денот кога ќе можат да кажат дека војната е завршена и дека победиле.

„Пред тоа, сакам сите во светот, вклучувајќи ја и Русија, да запомнат дека се борат за слободата во светот“, заклучил тој.

Фото: Garin Pirnia/ Tviter/ Skrinsot

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот