ФОТО+ВИДЕО | „Кој е вашиот порок?“: Тамара Тодевска со нова песна „Порок“

тамара тодевска
Фото: Принтскрин / Instagram

Нашата позната пејачка Тамара Тодевска на големо воодушевување на нејзините бројни обожаватели и пријатели вчера ја претстави својата најнова песна за која снимила и видео спот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Песната „Порок“ е збир на креативни сили кои црпеле енергија и инспирација од пандемијата, а за истата пејачката деновиве објавуваше мали тизери и најави разгорувајќи ја љубопитноста кај многумина.

Во чекор со светските музички и модни трендови, Тамара и овојпат воодушеви со нејзината уникатност и препознатлив талент.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Музиката е дело на Лазар Цветковски и Тамара Тодевска, текстот го напишал Тајзи, аранжманот повторно Лазар Цветковски и Тамара Тодевска. Многумина веднаш забележаа дека станува збор за сличниот тим кој работел со Антониа Гиговска на нејзината нова песна „Магла“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

„Порок“ за само еден ден откако е објавена на јутјуб-каналот на „Urban Records“ има над 12,500 прегледи, а позитивните коментари за песната и видео спотот не стивнуваат.

Нешто сосема ново од Тамара, изгледа уште се немам навикнато на ваквата Тамара“, „Тајзи растура и тука и кај Антониа. Врвно“, „Браво, друга димензија, од почеток до крај!“, „Браво“, „Ова не е нормално!!“, „Предобро“, „Браво“, „Да, па… смеењето на крајот кажува сè“, „Топ песна“, беа само дел од коментарите на „Јутјуб“, но имаше и такви кои не беа воодушевени од истата и ја критикуваа пејачката затоа што искористувала животни во забавни цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот