ФОТО+ВИДЕО | Арапски шеик чува тигри, лавови и мечки како домашни миленици: Не му е гајле за критиките

Фото: Инстаграм/ Humaid Abdulla Albuqaish🇦🇪🇧🇷

Шеикот Хумајд Абдула Албукаиш од Дубаи стекна голема популарност на социјалните мрежи благодарение на своите необични миленици. Тој чува тигри, лавови, гепарди, змии, волци, па дури и мечки како домашни миленици.

Скоро секој ден на својот Инстаграм профил, каде го следат повеќе од четири милиони луѓе, Хумајд објавува фотографии и видеа од своите егзотични животни.

Фото: Инстаграм/ Humaid Abdulla Albuqaish🇦🇪🇧🇷

Овој милионер без никаков страв им ги става рацете во устата на своите миленици, си игра со нив, се „тепа“, ги вози во скапи автомобили и јахти.

Многумина го критикуваат во коментарите за неговото необично хоби и му пишуваат дека неговите животни заслужуваат живот во дивината, но на Хумајд ништо не му значат негативните коментари.

Со оглед на тоа дека во Обединетите Арапски Емирати е нелегално да се чуваат големи мачки како домашни миленици, не е познато како Хумајд има толку многу диви животни и без проблем ги објавува во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот