ФОТО | Заев: Ѝ посакав добредојде на Урсула фон дер Лајен

Урсула фон дер Лајен и Зоран Заев во Скопје / 28.9.2021 / Фото: Фејсбук, Зоран Заев

Ѝ посакав добредојде на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во Влада на Република Северна Македонија и ѝ се заблагодарив за нејзиниот личен ангажман и посветеност за Северна Македонија во процесот за нашите аспирации за членство во ЕУ, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

– Оваа посета е уште едно охрабрување и признание за нашите исполнети задачи на тој пат.

Искажавме заедничко очекување дека на претстојниот Самит за Западен Балкан во Словенија ќе има придвижување во однос на проширувањето на ЕУ, како нејзина стратешка цел, а со тоа и одржување на првата Меѓувладина конференција до крајот на оваа година.

Во меѓувреме остануваме партнери и сојузници во справувањето со пандемијата, во спроведувањето на политиките за регионална соработка и европеизација на земјите од Западен Балкан со најавената силна поддршка од Европската Комисија, стои во неговата објава.

ВО ЖИВО | Прес-конференција на премиерот Заев и претседателката на ЕК, фон дер Лејен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот