ФОТО: За Саудиска Арабија, граѓаните на Севeрна Македонија се уште се „југословени“!

Амбасадата на Кралството Саудиска Арабија во Тирана, која ги покрива и Северна Македонија и Косово, во визите издадени на македонските граѓани, во колоната за државјанството, стои назнака Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ).

Од Министерство за надворешни работи за Слободен печат велат дека ова е технички проблем за кој се информирани и официјално побарале тој да биде остранет од амбасадата на Саудиска Арабија во Тирана. Оттаму додаваат дека во сите други официјални документи Кралството Саудиска Арабија и се обраќа на земјата со официјалното име, Република Северна Македонија.

– Во сите официјални документи и обраќања кон нас, Саудиска Арабија го користи официјалното име на државава – Република Северна Македонија. Употребата на поранешната референца во електронскиот систем за визи претставува технички недостаток за кој Министерството за надворешни работи преку својата дипломатска мрежа ги има известено соодветните институции на земјата. Очекуваме во најскоро време, соодветно на техничките околности, електронскиот систем на визи да биде коригиран соодветно на уставното име на земјава – велат во пишаниот одговор за Слободен печат од Министерството за надворешни работи.

Слободен печат стапи во контакт и со Амбасадата на Саудиска Арабија во Тирана.

– Во врска со уставното име на Република Северна Македонија, ве известуваме дека датумот на издавање на оваа виза е од 2019 година, и од тоа време, направени се многу промени во врска со ова прашање. Исто така, би сакале да ве информираме дека е контактиран амбасадорот на Северна Македонија во Кралството на Саудиска Арабија за да бидат информирани за деталите за ова прашање, ни одговорија оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот