ФОТО: Во Германската амбасада во Скопје се следат изборите во Германија, гости амбасадори и министри

Германската амбасадорка Анке Холштајн/ Фото: Слободен печат

Дел од македонскиот државен врв како и странските амбасадори во земјава вечерва се гости во германската амбасада во Скопје каде ќе може да го проследат преку ТВ емисии на германските медиуми, пребројувањето на гласањето на изборите во оваа земја.

Кој ќе биде новиот наследник на канцеларката Ангела Меркел која заминува по 16 години на чело на Германија, ќе биде јасно доцна вечерва откако ќе се пребројат гласовите на Германците кои денеска го дадоа својот глас на изборите за Бундестагот.

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, министерот за финансии Фатмир Бесими, евроамбасадорот Дејвид Гир, поранешниот министер, сега советник на премиерот, Едмонд Адеми како и други официјални претставници се дел од гостите на германската амбасадорка Анке Холштајн која приреди прием по повод изборите во нејзината земја.

Прием во Германската амбасада во Скопје/ Фото: Слободен печат
Германската амбасада во Скопје/ Фото: Слободен печат

Вечерва во 18 часот се затворија избирачките места во Германија по што почнува пребројувањето на гласовите.

Главната борба на овие избори е меѓу конзервативните демохристијани (ЦДУ и ЦСУ) и социјалдемократите (СПД), кои во моментов заедно формираат голема црно-црвена коалиција, и опозициските Зелени. Тие три партии се единствените кои, надевајќи се на победа, официјално предложија свои кандидати за канцелар.

Покрај нив, во Бундестагот најверојатно ќе влезат и партии кои и сега имаат пратеници – Либералите (ФДП), крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) и партијата Левица.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот