ФОТО | Турчин рекордер во зараза со ковид: 78 осум пати позитивен на коронавирус!

Фото: Инстаграм

Турчинот Музафер Кајасан е веројатно светски рекордер меѓу пациентите со ковид-19. Тој е позитивен на коронавирус веќе 14 месеци и се наоѓа наизменично или во домашна изолација или во болница.

Досега направил 78 тестови за коронавирус и секој пат добивал позитивни резултати, објави официјалната турска веб-страница Ковид-19.

На Музафер Кајасан, пациент со леукемија, првпат му бил дијагностициран ковид во ноември 2020 година и бил примен во болница. Тој бил отпуштен по две недели и се вратил дома во истанбулскиот округ Сариер, чекајќи целосно закрепнување во самоизолацијата, пишува „Национал“.

Но, ова било само почеток на неговото долго заробеништво. Според турските мерки, самоизолацијата се прекинува по две недели ако тестот за ковид е негативен.

Меѓутоа, сите 78 тестови што ги направи Кајасан, покажале дека тој и понатаму е позитивен. Поминал девет месеци во болница и уште пет месеци дома во самоизолација, објави локалната новинска агенција Ихлас.

Музафер апелирал до властите да најдат решение за неговата ситуација, поради што деновите морал да ги поминува сам дома, каде децата и внуците ги гледа само низ прозорецот.

 


Неговите лекари велат дека неговите тестови и понатаму се позитивни поради слабиот имунолошки систем поради леукемијата и додале дека преживеал благодарение на лековите што му ги дале за зајакнување на имунолошкиот систем.

„Тоа е многу тежок процес“, рекол тој.

Сопругата на Музафер извесно време престојувала со него во периодот на самоизолација и два пати била негативна на ковид. Негативен бил и неговиот син, кој исто така поминувал време со својот татко.

– Закрепнав, но сѐ уште имам остатоци од короната во организмот. Ова е единственото објаснување што го добив за позитивните тестови.

Кајасан рекол дека ковид-19 му го ограничил социјалниот живот.

– Немам никаков проблем освен што не можам да ги гушнам моите сакани. Тоа ми е најтешко. Не можам ниту да се вакцинирам поради мојата состојба – заклучил тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EL TIEMPO (@diario_eltiempo)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот