ФОТО: Тешка сообраќајна несреќа во Хрватска, се преврте македонски камион што носел автомобили

Сообраќајна несреќа на македонски камион во Хрватска / фото: 24 сата

Камион од Македонија кој превезувал автомобили попладнево се преврте на 130-от километар на автопатот А3 Брегана-Липовац во Хрватска, објави порталот 24 сата.

Несреќата се случила околу 17 часот, кога возачот на камионот со македонски регистерски таблички ја загубил контролата врз возилото. Камионот се превртел, по што неколку од автомобилите кои ги превезувал паднале на автопатот.

Сообраќајна несреќа на македонски камион во Хрватска / фото: 24 сата

Како што информира хрватскиот медиум, повреден е возачот на камионот. Сообраќајот на автопатот се пренасочува.

„Возачот беше свесен. Видов како почна да му се „шета“ приколката“, изјави читател на „24 сата“ кој бил сведок на несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот