ФОТО | Стефан Филиповски од „Некст тајм“ со емотивна објава за Влатко Илиевски: Бон Џови и Ковердејл, пред петнаесет години

Фото: Принтскрин / Instagram

На социјалните мрежи пејачот на групата „Некст тајм“, Стефан Филиповски ги трогна своите бројни обожаватели објавувајќи една стара фотографија со прерано починатиот Влатко Илиевски.

Бон Џови и Ковердејл. Оваа слика е пред да бидете јас и Мартин – „Некст тајм“. Пред петнаесет години, стои во описот на објавата на Стефан која завршува со емотикон со натажено лице.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SteФan (@stefan_filipovski)

Животот на нашата рок – ѕвезда прерано зграсна. Во негово сеќавање лани беше објавена и компилација од неговите најголеми музички хитови под наслов „За љубов се пее до крај“.

Илиевски остана вечен непребол за целата македонска јавност, а зад себе остави многу песни со кои го продолжуваме сеќавањето за човекот со моќен глас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OGAE Italy (@ogaeitaly)

Покрај Стефан, бројни колеги од музичката сцена и пријатели преку социјалните мрежи често знаат да споделат фотографии од убавите дружења и настапи со Влатко кои засекогаш ќе останат во нивните срца како убави спомени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот