ФОТО | Сите нијанси на розова во орманот на Блер Иди: Мерилин Монро ја овековечи во филмот „Мажите повеќе сакаат русокоси“

Instagram
Instagram

Нема да верувате колку нијанси на розова боја постојат – точно 150 потврдени. Од нежната, пастелно розова боја, која се поврзува со девственоста, до заводливата розова, која во комбинација со црната боја, Мерилин Монро ја овековечи во филмот „Мажите повеќе сакаат русокоси“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ОПГ ПРО (@opg_pro)

Оваа сезона сите се нијанси на розовата боја може да се стилизираат на различни начини. Вистинска божица на розовата боја е блогерката Блер Иди, а нејзиниот стил е инспирација за сите што ја сакаат женственоста во доминација на нагласена боја.


Таа не се плаши од слоевито облекување, силните бои и дозираната ексцентричност. Иди може да биде вашата инспирација за ова лето.

За почеток на модното патување низ сите нијанси на розовата боја одберете – розово и бело – комбинација што никогаш нема да ве изневери.


Амарант розовата содржи малку виолетова и сива боја, што ја прави особено смирувачка и одлична за контраст со црната боја.


Од глава до петици во светло розовата или бледо розовата ќе изгледа како да сте облечени во бело. За малку да ја „разбиете“ доминацијата на една боја, понесете сламена торба.


Лосос розова, сепак само за свадби. Корална розова, одлична нијанса за потемнет тен на кожа.


На крајот – „убиствена комбинација“ – црвена и розова, за кралиците на драмата и оние кои не се плашат да експериментираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот