ФОТО: Швајцарците запалија повеќе од 11.000 свеќи за жртвите од Ковид-19

Свеќи на плоштадот во Берн во спомен на починатите од ковид-19 / Фото: EPA-EFE/ANTHONY ANEX
Свеќи на плоштадот во Берн во спомен на починатите од ковид-19 / Фото: EPA-EFE/ANTHONY ANEX

Повеќе од 11.000 свеќи – по една за секоја жртва на пандемија на коронавирус во Швајцарија – беа запалени синоќа пред швајцарскиот парламент во Берн.

„Сакаме да создадеме простор каде што ќе можеме да се сеќаваме и да жалиме за жртвите”, рече Сајмон Герен од движењето Корона-Манваче (корона бдеење).

Четириесет доброволци помогнаа да се постават свеќи на плоштадот кој е политички центар на Швајцарија. Сличен настан се одржа и минатата година.

Герен рече дека бдеењето е повик до владата да одговори посилно на зголемениот број заразени.

Свеќи на плоштадот во Берн во спомен на починатите од ковид-19 / Фото: EPA-EFE/ANTHONY ANEX

Швајцарија, земја со околу 8,6 милиони жители, забележа нагло зголемување на нови случаи на коронавирус во последните недели.

Швајцарските власти вчера објавија дека 11.288 луѓе починале во земјата со потврден ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот