ФОТО | Саудиска Арабија за првпат учествува на изборот за Мис Универзум: Ќе ja претставува 27-годишна инфлуенсерка и стоматолог

Форо: Принтскрин / Инстаграм

Оваа година Саудиска Арабија за првпат во историјата ќе учествува на изборот за Мис Универзум. Земјата ќе ја претставува Руми Алкахтани, 27-годишна инфлуенсерка и стоматолог, родена во Ријад, пренесува „Индепендент“.

„Чест е да се учествува на изборот за Мис Универзум 2024. Ова е прво учество на Кралството Саудиска Арабија на изборот за Мис Универзум“, објави таа на својот инстаграм-профил.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Освен што е крунисана за Мис Саудиска Арабија, Алкахтани ги носи титулите Мис на Блискиот Исток, Мис на Арапскиот свет за мир 2021 година и Мис жена. Претходно, таа веќе ја претставуваше својата земја на неколку меѓународни натпревари како Мис Азија и Мис на Европа. Дипломирала стоматологија и зборува три јазици – англиски, француски и арапски.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Изборот годинава ќе се одржи во Мексико, а за првпат ќе учествува и Иран. Минатата година исто така беше „историска“ за Мис Универзум, кога Лујане Јакуб го претставуваше Бахреин и стана првата жена од регионот на Персискиот Залив што го стори тоа.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

На минатогодишниот избор за Мис Универзум учествуваа и две трансродови жени и „плус сајз“ моделот Џејн Дипика од Непал, која стигна до полуфиналето. Претходниот избор беше посебен и поради првата победа на Никарагва, односно на претставничката Шејнис Паласиос.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, престолонаследникот Мохамед бин Салман Ал Сауд стои зад неодамнешните социјални и економски реформи во Саудиска Арабија. На жените им е дозволено да возат, можат да добијат пасош без одобрение од машки старател и им е дозволено да присуствуваат на јавни спортски настани и концерти.

ФОТО + ВИДЕО | Избрана новата Мис Универзум 2023: Убавицата од Никарагва има 23 години и завршен факултет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот