ФОТО| Само за гурмани: Петте најдобри бургери во светот

Unsplash
Unsplash

Плескавицата е основата на еден добар бургер, но на некои места тоа парче месо се подготвува со особено внимание.

Брзите ресторани кои веројатно поради достапноста на цената се најпопуларните и најбараните бургери во светот, а поради тоа го држат првото место, сепак бургери се служат и во „фенси“ ресторани, на милион различни начини, со специјални додатоци и тајни состојки.

Ви претставуваме петте најдобри бургери од во светот:

„Fleur“ одамна има репутација на најскапо парче мелено месо во земичка во светот. Чини 5000 УСД и се состои од најдоброто говедско месо, луксузна паштета од црн џигер на гуска (foie gras) и многу тартуфи, пишува Б92.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Baroque Lifestyle (@baroquelifestyle)

„The Burger Guide“ го прогласи „Au Cheval“ за најдобриот бургер во светот. „Овие хамбургери се карактеризираат со мекост и сочност на говедското месо, кое во комбинација со топено сирење, јајца, сланина и други додатоци, создаваат богато, хаотично и сосема поинакво искуство“, се наведува во описот на овој бургер.

Звучи чудно што еден петте од најдобрите хамбургери се произведува во Азија, но тие велат дека специјалитетот „The Butchers Club“ ги крши сите предрасуди. Направено е од говедско месо со сланина, чедар сирење, карамелизиран кромид и сос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Au Cheval Diner (@auchevaldiner)


„Roast“ (Лондон)

Целата фенси вечера е спакувана во еден плескавица: печено говедско месо, кељ, црвена зелка, морков, прелив од ротквица и топено чедар сирење. Сето тоа доаѓа во земичка зачинета со рузмарин и лук.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patty&Bun (@pattyandbun)

„Emmy“ (Њујорк)

Еми плескавицата е единствената на менито на ресторанот „Emily“ и се најде на врвот на листата на најдобри хамбургери на веб-страницата „Burgerdudes“. Се прави од говедско месо претодно сушено 30 дена, пецивото е слатко и малку препечено, а додатоците кои го збогатуваат неговиот вкус се чедар, карамелизиран кромид, кисели краставички и специјален сос по име Еми. Чини 26 долари и се сервира со помфрит.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот