ФОТО | Рита Ора доби поштенска марка во Косово

Instagram
Фото: Инстаграм

Рита Ора, светски познатата пејачка со косовско потекло, стана дел од колекцијата поштенски марки на Поштите на Косово.

Марката со нејзиниот лик ќе биде пуштена во оптек в сабота на 26 ноември. На посебен ден за британската пејачка со косовско потекло, поточно на нејзиниот роденден.

„Повеќе од десет години е на врвот на меѓународната музичка и уметничка сцена. Ја користеше секоја прилика преку својата слава да ја промовира својата родна земја Косово, како и целиот албански народ“, се вели во соопштението на Поштите на Косово.

Фото: Инстаграм

По повод објавувањето на оваа поштенска марка, извршната директорка на Поштите на Косово, Факете Кадиу, изрази благодарност до Рита Ора.

„Чест е за Поштите на Косово да ѝ оддадат почест на Рита Ора. Таа со нејзините песни, настапи и прекрасни концерти ни подари многу убави моменти и бескрајна гордост. Оваа прекрасна марка нека биде и симболичен подарок на Косово за нашата пејачка. На овој посебен ден за неа, за нејзиниот исклучителен придонес за нашата земја и нашата нација“, рекла Кадиу.

 

Дали новата љубов на Рита Ора е окаровецот Таика Ваитити?

ФОТО | Кое е вистинското презиме на Рита Ора? Пејачката го променила бидејќи е тешко за изговарање?

ФОТО | Рита Ора се „прошета“ без гаќи на црвениот килим: Ѝ порачаа да си го „собере“ стомакот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот