ФОТО | Размени бакнежи со својата партнерка: Кара Делевињ ја отвори Парадата на гордоста во Холивуд
Британската манекенка и актерка Кара Делевињ го започна овогодинашниот „Месец на гордоста“ со стил, појавувајќи се на Парадата на гордоста во Западен Холивуд, Калифорнија.
Препорачано
Таа сподели фотографии и снимки од настанот на Инстаграм, а најочигледната фотографија која го привлече вниманието е онаа како се бакнува со својата партнерка, музичарката Минке.
Делевињ се возеше во црвен кабриолет, позирајќи со џиновски жолт меч во раката и правејќи знак за мир. Таа беше именувана и за почесен гостин на овогодинашната Парада на гордоста.
View this post on Instagram
Инаку, Кара и нејзината партнерка се на прагот да ја прослават својата трета годишнина, а гласините за нивната врска започнаа во јуни 2022 година кога беа фотографирани во Портофино. Тие ја потврдија својата врска во 2023 година и беа фотографирани на Вимблдон.
Делевињ со години отворено зборува за својата сексуалност, а во неодамнешното интервју, таа зборуваше за кампањата „Ова е љубов“ на Келвин Клајн и важноста на модата како личен израз.


