ФОТО | Принцезата од Брунеј со хрватски корени го покажа бебето – името што го одбрала крие неверојатна семејна приказна
Една недела откако објавија дека станале родители, принцот Абдул Матин Болкијах од Брунеј и принцезата Аниша, го споделија со јавноста името на својата ќерка заедно со првата заедничка фотографија од семејниот дом.
Препорачано
Синот на султанот Хасанал Болкијах и неговата сопруга со хрватски корени објавија нежна фотографија на Инстаграм на која го држат новороденчето во раце. Заедно со објавата, тие го открија и името на девојчето: Захра Маријам Болкијах.

Фотографијата, снимена во нивниот дом, ја открива поопуштената страна на кралскиот пар – во позадина се гледа детската соба, додека родителите се облечени во едноставна црна облека.
Името Захра е од арапско потекло и значи „сјај“, „блескавост“ и „цвет“, што му дава посебно, речиси поетско значење. Второто име, Маријам, носи силна семејна симболика.
И мајката на принцезата Аниша се вика Сити Маријам, додека мајката на принцот Абдул е исто така Маријам. Со тоа, името на нивната ќерка станува трогателна поврзаност помеѓу двете семејства.
Инаку, принцезата Аниша го поминала детството во Англија. По студирањето, таа го лансирала својот моден бренд. Денес е сопственичка на компанија за производство на свила, а исто така е сопственичка и на туристичка агенција. Аниша е внука на еден од советниците на султанот од Брунеј, а нејзиниот брат Данијал е еден од најдобрите пријатели на принцот Абдул. Таа е со хрватско потекло преку нејзиниот татко Ивица, кој е роден во Загреб, но има корени од Шолта и островот Чиово.
ФОТО+ВИДЕО | Принцот од Брунеј е официјално оженет: Десетдневната гламурозна венчавка продолжува


