ФОТО: Пливачките клубови покренуваат иницијатива за смена на Александар Маленко од НПФ

александар Маленко
Фото: Архива

„Знаејќи дека јавноста е доволно запознаена со случувањата во македонското пливање и целиот циркус кој претседателот Александар Маленко го правеше претходните неколку месеци, голем број на пливачки клубови покренаа иницијатива за негова смена, односно избор на нов претседател со оглед на фактот дека мандатот на Александар Маленко е истечен на 17 ноември 2021“, соопштуваат македонските пливачки клубови кои стојат зад иницијативата.

Во продолжение во целост ви ја пренесуваме иницијативата потпиша од страна на клубовите:

„Почитуван Александар Маленко, почитувани одговорни спортски чинители, почитувани колеги спортски работници

Измина 4-годишниот мандат на Александар Маленко како Претседател на Националната Пливачка Федерација на Северна Македонија. Како иницијативен одбор подржан и потпишан од повеќе од 2/3 (две третини) од сите клубови членки во Федерацијата поднесовме законско и статутарно барање до Претседателот Александар Маленко за свикување на задолжително редовно изборно Собрание на единствената Национална Пливачка Федерација на Северна Македонија. (НПФ)

Имајќи во предвид дека Претседателот Александар Маленко упорно го крши Статутот на НПФ со непочитување на основните правила и членови од Статутот како несвикување на редовни годишни собранија, несвикување и работа самоволно без одлуки на Управниот одбор на НПФ грубо прекршувајќи ги членовите 17, 21, 24, 26 и 29 од Статутот и ред други прекршоци, веруваме дека и овој пат истиот кукавички ќе бега и ќе се крие несвикувајќи редовно изборно Собрание.

Од тие причини Ве известуваме дека доколку во рок од 14 дена Претседателот не го закаже редовното изборно Собрание на НПФ, ќе го искористиме член 21 од Статутот на НПФ со кој имаме право како иницијатори да го свикаме и легално одржиме истото.

Член 21:

„Претседателот на НПФ го Свикува собранието најмалку еднаш годишно, а по потреба и почесто. Собранието може да се свика по барање на Управниот одбор, Надзорниот одбор или по барање на најмалку 1/3 (една третина) од вкупниот број на клубови здружени во НПФ. Ако Претседателот на НПФ не го свика Собранието во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на дадениот предлог, Собранието го свикува Управниот одбор или иницијаторите.”

Исто така сакаме да Ве известиме дека Управниот одбор на НПФ е позади оваа иницијатива и заеднички ќе учествува во свикувањето на изборното Собрание.

Ги повикуваме државните надлежни институции како и најголемата спортска институција, Олимпискиот Комитет на Северна Македонија будно да го следат овој процес бидејќи одржување на редовно изборно Собрание е демократско основно право за нормално тековно општествено функционирање и уставна темелна вредност која произлегува од демократските вредности и права со која се елиминира можноста за заробеност на институциите од поединци која пак за жал се случува во НПФ изминатиов период“.

Со почит,

Иницијативен одбор за свикување на редовно изборно Собрание на Национална Пливачка Федерација на Северна Македонија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот