ФОТO: Пиротехниката го качи Тетово на врвот по аерозагаденост во светот на последната ноќ од 2022

Фото: Слободен печат

Тетовци вечерва се гушат во екстремно загаден воздух. Податоците покажуваат дека аерозагадувањето е за четири пати поголемо од дозволените граници или концетрацијата на ПМ десет честички на метар кубен е 314.

Или пак моментално градот по Шара според IQAir има позагаден воздух и од најзагадениот град на светот Дака, Бангладеш, каде индексот на загаденост е 259

 

 

Тетово мириса на барут. Вообичаено, масовната употреба на пиротехника како и секоја година за време на прославата на новогодишната ноќ ја зголемува концетрацијата на ПМ десет честички.

Фото: Слободен печат

Градот не е накитен, нема елка, ниту прослава на плоштадот, но пукотниците од петарди и други пиротехнички средства, особено во центарот на градот се масовни.

Се користи и продава пиротехника на само десетина метри од полициски службеници, кои се лоцирани на самиот градски плоштад, заради одржување на јавниот ред и мир.

Фото: Слободен печат

Инаку МВР денеска информираше дека вчера, во 11.15 часот, на улица „Железничка” во Тетово од полициски службеници од тетовското СВР бил лишен од слобода Р.С.(43) од с.Горно Палчиште поради пиротехнички средства.

Во неговото патничко моторно возило „ауди” со тетовски регистарски ознаки му биле пронајдени и одземени 1657 пиротехнички средства, известуваат од полицијата.

Но, денеска пред очите на полицијата на големо се продаваше и користеше пиротехника, но немаше никакви акции, мерки, нити опомени од припадниците на МВР.

Уапсен тетовец и запленети над 1600 пиротехнички средства

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот